| четврток, 6 декември 2018 |

Mинистерката за економија поднесе оставка по скандалот со мејловите

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја прифати оставката на вицепремиерката и министерка за економија Мартина Далиќ.

– По разговорите, Мартина Далиќ и јас одлучивме дека таа денеска треба да поднесе оставка на својата должност, којашто јас ја прифатив – изјави Пленковиќ.

Коалициските партнери на ХДЗ побараа од министерката да поднесе оставка, кога во јавноста беа објавени мејловите, во кои таа разменувала доверливи информации со сопствениците на брокерски куќи, адвокати и консултанти што биле ангажирани на изработка на посебниот закон за санација на „Агрокор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top