| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Груевски побра ист став на судијата за оригиналните докази и нивните копии

Откако судијата Кацарска ги спореди оригиналот и копиите од дополнителните докази кои што ги достави бранителот Стерио Зиков за здравствената состојба на обвинетиот Ѓоко Поповски, реагираше Никола Груевски.

Тој бараше ист став на судијата по прашањето на оригинални докази и нивни копии.

– Во контекст на доказите на бранителот Стерио Зиков, истакнавте дека ги прифаќате копиите откако ги утврдивте оригиналите. Имаме цд-иња предадени до судот во копии кои никој во салата ги нема видено ни слушнато за да се утврди оригиналот, вклучувајќи го и судот и обвинителството – рече Груевски.

Судот го одби дополнителниот доказ на одбраната во „Тенк“ за општина Новаци.

Советот соопшти дека не го прифаќа известието од општина Новаци, како дополнителен доказ да се изведува во корист на одбраната на обвинетите во „Тенк“. Прифатен е извештајот од Министерство за правда во врска со вештакот Тале Герамитчиевски кој без лиценца го направил вештачењето на тендерската документација во делот на спецификациите на возилото.

Следни две рочишта се закажани за 17 и 18 мај, на кои ќе се изведуваат завршните говори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top