| четврток, 6 декември 2018 |

Во НБА купуваат играчи преку телевизија

Сопственикот Далас Маверикс, Марк Кјубан, го одобрил официјализирањето на тригодишната соработка со израелскиот кошаркар Хаифа Гал Мекел, иако го гледал само на снимки од телевизија.

Пред него, во најсилната кошаркарска лига на светот дојде Омри Каспи, кој по две сезони играше во Санкраменто „Кингс“ и во Кливленд „Кавалирс“, меѓутоа сега реши да не го продолжува договорот со таборот од Охајо.

Минатата сезона 25-годишниот Мекел просечно бележел по 13,3 поени и 5,4 асистенции во домашниот шампионат. Како што се наведува, Далас Мекел ќе го претстави на 10-ти јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top