Црна Гора е меѓу државите со најголем број жртви во сообраќајни несреќи, пишува весникот „Дан”.
Статистиката покажува дека во Црна Гора бројот на загинати во сообраќајки во 2016 година бил 10 на 100.000 лица. Истата година толку жртви имало и во Бугарија, во Србија тој број бил 9, во Хрватска 7, во Словенија 6, во Холандија и Германија 4, а во Шведска и Велика Британија 3.
Во Црна Гора, исто така, има значителни варијации во податоците за жртви од несреќи по години. Најалармантни биле податоците во 2007 година, кога имало 18 смртни случаи во сообраќајки на 100.000 жители. Најмалку настрадани имало во 2012 година, 7 на 100 000 лица. ир/11:36
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.