На плоштадот „Македонија“ во Скопје попладне ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.
Споменикот ќе биде подарок од компанијата „Сахара Индија“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој од вчера е во посета на Македонија.
Ќе биде подигнат во спомен и чест на делото на скопската хуманистка и нобеловка за мир Мајка Тереза, која својата мисија за помош на сиромашните и болните ја извршуваше во Индија.
На настанот, кој ќе почне во 14.30 часот, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.