| четврток, 6 декември 2018 |

Операциите ќе мора да се снимаат, ако не затвор

Парична казна или една година затвор ќе следува за сите хирурзи кои нема да ги снимат своите интервенции.

Ова го предвидува новиот закон за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина.

Имено, секој хирург ќе мора да ја сними хируршката интервенција. Оние кои нема да ја почитуваат оваа одредба, кривично ќе одговараат со парична казна или со затвор до една година.

Новите закони кои се спроведуваат во здравството наидоа на бурни реакции кај стручната јавност која се побуни дека со него се озаконува директниот упад во автономијата на медицинските факултети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top