Денеска попладне околу 12.45 часот се случила трагедија во тетовското село Новаке.
„Прес 24“ јави дека 60-годишниот тетовец Ќамил Вајрами паднал од дрво, високо околу 3 метри. Тетовецот бил пренесен во Клиничкиот центар – Тетово без знаци на живот.
Детали за несреќата се очекуваат за подоцна. Надлежните екипи сѐ уште вршат увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



