вој четврток, на 17 мај во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.
Овој пат, еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина – „Шпанска симфонија“ од Едгар Лало.
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.