Неверојатниот случај на педофилија што го потресе светот, во кој хомосексуална двојка усвоила руско момченце кое потоа го злоупотребувала, а сликите ги споделувала на интернет, доби завршница. Американски педофил е осуден на 40 години затвор поради злоупотреба на усвоено руско детенце, пренесе руската агенција „Раша тудеј“. На неговиот партнер од Нов Зеланд, кој му помагал во снимањето на злоделата, ќе му се суди дома. Партнерите Марк Њутн и Питер Троун беа уапсени пред 2 години под сомнение дека сексуално го злоставувале нивниот усвоен син, роден од русинка во 2005 година. Снимките ги споделувале преку интернет на педофилски мрежи.
Американскиот суд му ја пресуди најстрогата казна од 40 години затвор, за сексуална злоупотреба и заговор за поседување детска порнографија. Финансиската отштета (ако воопшто може да се смета за надополнување кон момчето) е 400 илјади долари.
Судијката Сара Еванс Баркер дури и не дозволила поротата да ги погледне сликите од малтретирањето на Русинчето, усвоено од оваа геј-двојка.
„Што да се каже? Што да се стори за да се избришат вакви стравотии“, ја пренесува агенцијата изјавата на судијката која посочила дека двјката заслужува и пострашна казна.
„Лично сметам дека ова е веројатно една од најлошите ако не и најлоша педофилска мрежа за која некогаш сум слушнал“, посочува агентот Брајан Боун од инспекциската служба.
Во Русија, каде подолго време се води борба за заштита на руски деца посвоени од странци, правобранителот за детски права Павел Астаков за РТ вели дека руските сираци секогаш ги привлекувале странските развратници заради нивната достапност.
„Странците едноставно доаѓаа и земаа деца за пари“ додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


