| четврток, 6 декември 2018 |

„Попе компани“ и СТ Граф ги донесоа најквалитетните графички решенија во Македонија

Кога некој работи чесно, одговорно и квалитетно тоа потрошувачите знаат да го препознаат и наградат. „Попе Компани“ е компанија која е најдобар пример за успешна приказна во која се препознава патот  на успехот на двајцата браќа Никола и Душан Попевски, кои со многу идеи и планови станаа најголема компанија за графички дизајн и промотивни материјали во земјава. После 20 години успешна работа тие не застануваат. Напротив продолжуваат да се наградуваат и стануваат се подобри во она што го работат. Така тие, како основачи на „Попе Компани“ влегоа во партнерски однос со СТ Граф, најголемата регионална групација за продажба на графички решенија, печатење, машини и материјали за дигитален печат. Ги прашавме браќата Попевски како дојдоа на идеја за ова партерство со СТ Граф и зошто токму нив ги избрале?
-Па искрено они дојдоа до нас. Идејата беше нивна и по нивното истражување на македонскиот пазар како и преговорите со неколку фирми од Македонија, како партнери за групацијата СТ ГРАФ не избраа токму нас. За нас тоа беше позитивно прифатена солуција од причина што со истиот потег, графичкиот сегмент од нашата компанија ќе биде далеку помоќен и далеку пред останатата конкуренција- вели Никола Попевски.

На ова се надоврзува неговиот брат Душан.

-Повеќе од сигурна беше потребата да се вклучиме во графичката групација, за да одговориме на предизвиците од конкурентските групации и претставници на нашиот пазар од останатите соседни земји, а ги одбравме токму СТ Граф како партнери бидејки имаат искуство од преку 30 години во областа, досегашната многу коректна соработка, јазичното говорно подрачје е лесно разбирливо за секого, карактерно и генерациски се совпаѓаме, што ќе овозможи одлична соработка- вели Душан Попевски.

Браќата Попевски оценуваат дека ова ново партнерство значи внесување на нова димензија на повисок квалитет на пазарот во Македонија во овој сектор.

-Со самата доверба што ни е укажана, тоа значи дека во нас препознале работливост, ангажираност, позитивност, искреност и чесност, а сите овие атрибути биле доволни за истото да прерасне во партнерство. За нашите досегашни клиентите покрај наведените постоечки атрибути ќе значи и сигурност, конкурентност. На пазарот ќе бидеме помоќни, поголеми залихи, помали цени, а логистиката – поддршката ќе биде поголема од причина што истата се споделува од групацијата во која учестуваат фирмите од Србија, Босна, Косово и сега од Македонија- вели Никола.

Новата фирма СТ Граф Скопје ќе значи зголемување и на понудата на производи.

-За нас ќе значи зголемување на нашата понуда на производи и уште повеќе светски брендови во нашето портфолио, а за нашите клиенти поголем избор, подобар квалитет, подобрена техничка поддршка, подобрување на цените и условите за работа и поголема нивна конкурентност кон нивните клиенти, бидејќи им овозможивме повеќе и подобри производи, машини и опрема како и репроматеријали со подобри цени и поголеми залихи- дополнува Душан.

Браќата Попевски најавуваат измени во работењето во делот на графичките решенија.

– Измени ќе има, да, но истите ќе бидат со позитивна конотација. Измените ќе бидат во проширување на понудата и залихите во магацин, воведување многу нови производи, подобри технологии и нови брендови, и земање учество на претстојните регинални саеми и обуки-објаснуваат браќата Попевски.

Партнерството со СТ Граф, значи и влез на EPSON во компанијата. Не интересираше какви се бенефитите од работењето со ваков бренд?
– ЕПСОН како бренд веќе е постоечки со фирмите од другите држави од оваа групација. Моќта на СТ ГРАФ го донесе брендот ЕПСОН во Македонија во сферата на големите печатарски формати. Во оваа сфера ЕПСОН е лидер на светскиот пазар од причина што целокупната конкуренција ги користи неговите застарени елементи кои се вградуваат во печатарските машини, а самиот ЕПСОН најновите откритија ги користи исклучиво само за себе се до откривање на нови, па од тука нашите клиенти ќе имаат можност да го имаат најдобриот продукт со што ќе добијат беспрекорност, поевтина цена, а со тоа ќе бидат поконкурентни и поквалитетни на пазарот, а и најважното што сето тоа ќе биде со повеќе заработка поради економичноста на истите. ЕПСОН како бренд е доволнопознат на пошироката јавност во Македонија но во офис сегментот, а сега со СТ ГРАФ СКОПЈЕ ќе имаат можност и професионалните печатници да обезбедат машини за солвентно печатење во големи формати, печатење на полиестерски тектилни материјали со техника на сублимација, како и машини за дигитално печатење директно врз маици-едногласни се браќата Попевски.

Компанијата Попе Компани, во чии рамки како издвоен дел ќе функсионира и СТ Граф Скопје набави и две нови ЕПСОН машини.
-Машините се набавени како демо машини, не се за наша употреба, за да можат клиентите да ги тестираат и да се уверат во нивниот квалитет на отпечаток. Станува збор за EPSON SC-F2000, професионална и беспрекорна печатарска машина за печатење директно врз текстил, поточно маички и EPSON SURECOLOR SC-S 40610 перфектна машина која печати со ширина од 167см и брзини до 49м/час. Едната е веќе продадена, па со согласност на клиентот беше изложена за презентација, набрзо ќе биде обезбеден од наша страна и нејзиниот наследник, а другата S 40600 се надеваме на брзо пронаоѓање на сопственик кој ќе може да ја добие по екстра промотивна цена како изложбен модел- објаснуваат Никола и Душан.

Браќата Попевски објаснуваат дека новата фирма СТ Граф е издвоен сегмент на графичкиот оддел (сегмент) од ПОПЕ КОМПАНИ која ќе продолжи да се фокусира и да јакне во (21-годишниот опсег) понудата на рекламниот материјал и неговото печатење. СТ ГРАФ Скопје ќе допринесе во јакнењето и стабилноста на сопственичкиот удел во ПОПЕ КОМПАНИ како директни содружници во неа.

Инаку „Попе компани“ е компанија која нуди комплетно графичко решение и рекламни материјали за сите пригоди и потреби со сопствено производство и услуги. Сопствениците на компанијата, која сега веќе има 23 вработени, браќата Попевски, се одличен пример за млади амбициозни луѓе, вистински претприемачи, кои развиле голем бизнис од една обична идеја.

Почнувајќи од нула, но со многу ентузијазам, енергија и харизма, притоа следејќи го сето она што го нуди пазарот, а клиентите го бараат, успеале во намерата да оформат графичко и рекламно мало царство кое во целост ги задоволува потребите на секој клиент, а нив ги исполнува со гордост за направеното. „Попе компани“, секојдневно го зголемува опсегот на клиенти со нивното продирање на пазарот. Задоволните клиенти го пренесуваат позитивното искуство од работењето со овој графички и рекламен лидер на пазарот, па компанијата постојао се шири и расте.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top