| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на досега необјавен видеоспот на Тоше

Видеоспотот за песната „Жао ми је“, што Тоше Проески го снимил пред осум години, ќе биде претставен пред неговите обожаватели наредниов период. Видеото e снимено во студио, а освен македонската музичка легенда, во него се појавува и Сара Леши, поранешна мис на Македонија, пренесува „Дневник“.

– Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие нѐ прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната „Лажем те“ и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видеоиздание. Моментно се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи „Аворд продукција“ – вели Славен Ристески од интернационалната фондација „Тоше Проески“.

Песната „Жао ми је“ е носечка нумера на албумот „Пратим те“ издаден во 2005 година за српскиот пазар. Ристески вели дека таа песна му била омилена на Тоше и затоа реализирал спот за неа. Тоа е единствената композиција од албумот што нема македонска верзија.

– Неизвесно е кога ќе биде промоцијата на видеоизданието. Имаме повеќе нови песни што досега не се издадени и на кои работиме. Веројатно фановите на Тоше ќе решат дали првин ќе биде промовирана новата песна или новото видео – открива Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top