| четврток, 6 декември 2018 |

Опуштање за постарите, водени лудории за децата – отворен Воениот базен

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, и директорот на базенот, Владимир Латковиќ, денес со коктел, ватерполо натпревар и зумба анимации во вода го отворија реконстуираниот Воен базен.

voen-bazen02

Базенот ќе работи секој ден, до крајот на септември, од 8 до 1 часот по полноќ.

voen-bazen03

реконструирано е и санирано коритото на базенот, а реновирани се и тоалетите. Изграден е нов угостителски објект, а новиот концесионер на отворениот базен во општина Аеродром ќе понуди летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите.

voen-bazen05
Покрај пливачките летни школи, натпреварите во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година ќе стави акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.

voen-bazen01

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top