На Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ е отворена петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром.
– Ставете лајк на овој статус, за поддршка за продолжување на проектот бесплатна училишна облека за сите дечиња во основните училишта на територија на општина Аеродром. Ова е петиција против укинувањето на училишните униформи, предизвикана од гласините дека СДС и Златко Марин, планира укинување на мерката бесплатни училишни униформи. Мерката бесплатни училишни униформи е воведена од претходната власт во општина Аеродром и истата ги отстранува класните разлики помеѓу дечињата и овозможува истите да не се чувствуваат различни по социјален статус, туку да можат да се посветат на учењето. Кликнете лајк и дајте поддршка за опстојување на мерката бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром, стои на Фејсбук страната „Аеродром во моето срце“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Коневски на средба со „Полио плус“: Aеродром ќе добие Дневен центар за деца со пречки во развојот