Културните настани во рамките на овогодинешното, 8-мо издание на културното лето во Кисела Вода продолжуваат и оваа работна седмица.
Културнио бран од верско – рекреативниот центар „Три круши” ќе се префрли во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во населба Црниче, каде во среда со почеток во 21:00 часот, концерт ќе имаат милениците на младата публика, аренби дуото ДНК.
За смеа до солзи пак, ќе се погрижи актерот Гораст Цветковски со презентација на неговата препознатлива стенд – ап комедија. Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.