| четврток, 6 декември 2018 |

Страшо Темков и Марија Вршкова настапуваат на Музичката академија во Мајнц

Нашите врвни музички уметници проф.м-р Страшо Темков – флејта и доц.м-р Марија Вршкова  – пијано,  на покана на една од најпрестижните музички академии во ЕвропаУниверзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц  СР Германија, ќе одржат концерт со дела од нашите македонски композитори Трајко Прокопиев, Томислав Зографски, Гоце Коларовски, Гоце Симоноски

Покрај делата од македонските композитори на концертот ќе бидат изведени и дела од светската музичка литература.

Од неодама Факултетот за музичка уметност од Скопје и Факултетот за музичка уметност од Мајнц, СР Германија потпишаа договор за соработка преку ЕРАЗМОС програмата.

Концертот ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Мајнц на 11.05.2018г со почеток во 19:30 ч.

Овие наши врвни уметници и амбасадори на македонската музичка култура, до сега имаат реализирано бројни концерти на реномирани музички фестивали  во Република Македонија и надвор од неа Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Англија, САД, Германија и др.

Ова гостување на нашите уметници во СР Германија ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top