| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е мажот за кој Меган Маркл за малку ќе се омажела во 2015 година

Меган Маркл и Кори Витиело се заљубиле откако таа го исфалила неговиот ресторан на својот блог, Биле заедно две години, а тогаш таа го запознала принцот Хари.

Само неколку недели пред на состанок на слепо да го запознае Хари, Меган била во врска со Кори, канадски шеф и сопственик на ресторан во Торонто. Заедно биле две години, а тој и помогнал да закрепне од распадот на првиот брак со актерот и продуцент Тревор Енгелсон.

Блиските на Кори и Меган биле уверени дека нивната љубов ќе се круниса со брак, посебно тоа го мислела неговата мајка.

-Меган е паметна, убава и многу искрена. Уживаваме во времето кое го минуваваме со неа. Во нашето семејство убаво се вклопи, а и кралското семејство може да биде среќно што ја има- рекла таа за Дејли Меил.

Меган во Торонто стигнала како непозната млада жена, а благодарение на врската со Кори, влегла во високото друштво, што довело и до запознавање со Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top