Францускиот институт во Скопје организира проекции на два филма во чест на стогодишнината од раѓањето на францускиот режисер Жан-Пјер Мелвил, во Кинотеката на Македонија, од 20 часот:
В четврток, 10 мај, „Црвениот круг“ (1970), со Ален Делон, Андре Бурвил, Жан Марија Волонте. Пред проекцијата, филмскиот критичар Стојан Синадинов ќе направи презентација на делото на Жан-Пјер Мелвил ;
В петок, 11 мај, „Армија на сенките“ (1969), со Лино Вентура и Симон Сињоре.
Филмовите се со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.