Лична работа на Заев е желбата да сака да му помогне и да се грижи за семејството на Џезаир Шакири, односно таканаречениот Командант Хоџа. Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција во владата и да го плаќа со пари на граѓаните, се вели во видео-обраќањето на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, сè уште немаме одговор на прашањето кој го заробил и кој го ослободил Танушевци, и зошто доколку било тоа така надлежните органи не реагирале и не ја известиле јавноста. И суштинската дилема останува, доколку некој се дрзне да направи некое незаконско дело, нападне полиција или нешто слично, наместо да биде санкциониран добива место во Владата. Ова е случај каде се рушат вредности, а преседанот станува правило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски