| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ресен ќе се слави денот на мочуриштата

Општина Ресен  заедно со ОУ „Гоце Делчев“ од Ресен и Друштото за заштита на Преспа со седиште во Герман, Република Грција, ќе го одбележат светскиот ден на мочуриштата 2 февруари.

Предвидени се активности што ќе се одржат во ресенското основно училиште „Гоце Делчев“, низ игра и едукација дел од учениците да научат и препознаат дел од бидиверзитетот во Преспанско Езеро. Во насока на одбележување на овој ден во ОУ „Гоце Делчев“ ќе има и изложба на цртежи од деца на тема Преспанско Езеро и екологија..

Светскиот ден на мочуриштата се одбележува на 2 февруари бидејќи на тој датум во 1971 година, во иранскиот град Рамсар, на брегот на Касписко Море, била потпишана конвенцијата за заштита на овие површини и живеалишта. Преспанско Езеро од 1995 година се наоѓа на Рамсарската листата.

Првпат овој ден бил прославен во 1997 година. На овој ден владини агенции, невладини организации и други чинители во светот преземаат акции за да ја подигнат јавната свест за важноста на мочуриштата и за користа што сите би ја имале од спроведувањето на Рамсарската конвенција. Се организираат предавања и семинари, прошетки во природа, детски ликовни конкурси, денови за чистење на овие подрачја и многу други активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top