Добрите политички и пријателски односи меѓу двете држави треба да ги следи динамизирана соработка во повеќе сфери која треба да донесе развој на економските односи како стратешка определба на двете страни – заклучија премиерите на Македонија и Кина, Никола Груевски и Кечианг Ли на вчерашната средба.
Според Груевски кај Македонија постои интерес за реализација на повеќе инфраструктурни проекти кои се од значење за државата, а во контекст на намерата на НР Кина за алоцирање на 10 милијарди долари како поддршка на проектите за зајакнување на економската соработка со земјите од Централна и Југоисточна Европа.
Премиерот Груевски реафирмирајќи ја заложбата за отворање на посебна технолошко индустриска развојна зона за кинеските компании, го информирал својот кинески колега Македонија пет години по ред од страна на Светската Банка во изданието Дуинг бизнис е наведувана како пример за земја топ реформатор со добри услови за водење бизнис, осврнувајќи се и на најнискиот даночен пакет во Европа кој го нуди Македонија, на даночните олеснувања во слободните економски зони, како и на слободниот пристап до 650 милионски пазар кој се обезбедува преку потпишаните договори за слободна трговија со сите земји на континентот Европа.
Македонскиот премиер смета дека добра соработка може да се постигне во сферата на туризмот како поле кое нуди различни аспекти на соработка, и кое може да донесе економски напредок.
Во сферата на културата премиерот Груевски ја поздравил најавата на НР Кина дека набрзо ќе се отвори Институт Конфучие во Република Македонија, кој ќе делува во функција на промоција на кинескиот јазик и култура во нашата земја што дополнително ќе придонесе за зближување и градење на пријателство меѓу двете држави.
– Премиерот укажа на можноста за јакнење на образовните потенцијали преку размена на студенти со НР Кина и опцијата кинески студенти да студираат на универзитети во Македонија за што Владата доделува стипендии врз основа на објавување на конкурс секоја академска година. – велат од Владата.
Кечианг Ли се согласил дека добрите и пријателски политички односи со Македонија се силна подлога за фокусирање на дополнителен развој на економските односи. Тој исклучително го ценел патот на реформите, напредокот и развојот кој е одбран како клучна определба на Република Македониј. Смета дека Македонија е подготвена за поинтензивна трговска и економска размена и се надева и очекува добра искористеност од македонска страна на средствата кои Кина ги нуди како поддршка за реализација на проекти во земјите од Централна и Југоисточна Европа.
-Премиерот Кечианг Ли даде политичка поддршка на можностите и опциите за кинески инвестиции во нашата земја и истакна дека лично ќе се заложи и ќе ги охрабри кинеските компании да ги разгледаат инвестициските можности и да ги насочат своите активности кон поголема економска соработка со Македонија – додаваат од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски