Пожар беснее во стан во наслеба Острово. Жителите на населбата велат дека станува збор за стан во старите згради на улица Владимир Комаров или 23 Октомври.
На терен се противпожарните екипи и интервенираат. Од полицијата информираа дека пожарот е пријавен пред десетина минути, а на местото веќе се наоѓаат четири противвпожарни возила, а запрен е и сообраќајот.
Пожарот избувнал во подрумските простории. Најверојатно има оштетени станови на приземјето од кулата. Интервенираа осум противпожарни возила.
фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.