Прашање до Отецот:
Почитуван Отец, ја изгубив венчалната бурма. Ме интересира дали има некакво значење губење на бурма како симбол на брачен живот?
Ви благодарам многу ! Наташа
Одговор на отец Горан:
Почитувани, секогаш кога верата не се трудиме да ја живееме, во практичен начин преку светите тајни на Црквата, крштение, миропомазание, исповед и Причест, што значи изградување во литургиската култура и наше воспитание преку учество во Литургијата во неделите и празниците подготвени со молитвени правило (кажување на Исусовата молитва, Богородице Дево, и други молитви), читање на Свето Писмо, исповед пред духовниот отец и пост, ако ова го изостанува од нашето христијанско секојдневие тогаш оставаме простор за сурогатите на верата или суеверието кое се темели на некултура, живеење според некои ситници на кои им робуваме и кои го обземаат нашиот живот.
Затоа, како што вели и св.ап. Павле, дека бракот треба да биде непорочен, и брачната постела чиста и бракот да биде единство на две личности во едно дело, како Христос и Црквата.
Така, бурмата не го чини бракот туку Божјата благодат согласно богоугодниот живот на брачниците.
Не се вознемируајте имајте едномислие со сопругот, сѐ друго Бог ќе уреди.
Христос Воскресе!
извор: галамаклуб.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
До рано наутро се барала бурмата, невестата Ана Шутиновска ќе останеше без прстен
-
Многумина мислат дека е разводот, но ова е вистинската причина зошто принцот Вилијам не носи бурма!
-
Медиумите: Каде исчезна бурмата на Обама? Сака да и порача нешто на Мишел? (Видео)
-
Ја изгубил бурмата и се откажал од барање – природата му ја вратила на необичен начин