| четврток, 6 декември 2018 |

Принудно спуштен авионот на боливискиот претседател поради сомнеж дека во него се крие Сноуден

 Авионот со кој се превезувал претседателот на Боливија Ево Моралес бил принуден да слета на аеродромот во Виена поради сомневања дека во него се крие поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден. Бегалецот не бил најден, а Моралес, кој се враќал од посета на Русија бил навреден од постапката.

Авионот кој полетал од Москва не добил дозвола од француските и португалските власти да влезе во нивниот воздушен простор, по што бил принуден да слета во Виена.

Министерот за надворешни работи на Боливија Давид Чокехуанца изјави дека Франција и Португалија ќе мора да објаснат зошто донеле таква одлука, додавајќи дека тоа го довело во опасност животот на претседателот.

Моралес се враќал од самит во Москва, каде што за телевизијата Раша тудеј, изјави дека Боливија е подготвена да ја разгледа можноста за давање азил на Сноуден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top