| четврток, 6 декември 2018 |

„ДеликАРТесна продавница“ во Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје организираат изложбата „ДеликАРТесна продавница“ во вторник, 8 мај 2018, во 18:00 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје. Францускиот институт го продолжува, преку оваа манифестација, циклусот ИН Витрини во рамките на којшто се претставија Школата за стилизам и моделизам „Изет Цури“ и Институтот за моден дизајн при Технолошкиот факултет во Скопје.

„ДеликАРТесна продавница“ е изложба на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер.

Изложбата претставува интересен спој на модни креации и дизајн решенија произлезени од сите три катедри, од наставната програма на Факултетот за арт и дизајн, под менторство на наставниот кадар: Проф. д-р Јана Манева – Чупоска (Декан), Проф. д-р Гордана Вренцоска (Продекан), Вон. проф. м-р Зоран Ѓурески, Вон. проф. м-р Маја Кировска, Вон. проф. м-р Христијан Санев, Доц. м-р Маја Ѓуреска, Доц. м-р Благојче Наумовски, Доц. д-р Иванка Апостолова, Доц. м-р Дејан Ивановски, Асс. Александра Јовановска, Асс. Екатерина Намичева и Елена Макаровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top