Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ организираат изложба „Низ процесот на моделирање и изработка на креации“ в среда, 6 декември 2017, во 18:30 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе го претстави работниот процес мулаж, преку моделите на студентите на Интернационален институт за мода, а истата претставува прв дел од модниот проект за оваа зима насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.
Изложбата ќе биде отворена во присуство на г-дин Изет Цури, Директор на Интернационалниот институт за мода и стилист, и г-ѓа Доминик Брине, професорка по моделизам, а ќе трае до 25 јануари 2018 година.
На отворањето, Ханифе Билали ќе направи презентација на тема за нови модните трендови, плод на нејзиниот престој во Париз, којшто беше поддржан од Францускиот институт во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.