| четврток, 6 декември 2018 |

Пченицата ќе се продава по 14 денари за килограм

Просечна откупна цена од 14 денари за килограм пченица од овогодишната реколта, врз основа на нејзиниот квалитет, препорача министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Препораката уследи по одржаниот состанок со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица, на кој акцентот беше ставен на условите на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона откупна цена.

Со оваа препорачана цена се согласија и претставниците од производителите на пченица и претставниците од мелничко пекарската индустрија, стои во соопштението на министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top