Две лица физички го нападнале М.Ј.(50) од Скопје на улицата „Боемска“ во Дебар Маало.
Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера го пријавил нападнатиот. Откако излегол од угостителски објект и се упатил кон неговиот моторцикл тој забележал две лица како се приближуваат кон него. М.Ј. ги познавал лицата од претходно и со нив имал недоразбирања. Едното лице имало и палка во раката.
Од гостите во угостителскиот објектот била спречена натамошна физичка пресметка.
Извршен е увид, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.