Возач на автобус на ЈСП Скопје вчера бил физички нападнат со безбол палка од страна на 33-годишен скопјанец, откако со возилото кое го управувал му го попречил патот на автобусот.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 14,15 часот а се слуќил на ул.„Народни Херои“ во близина на крстосницата со ул. „Ѓорѓи Димитров“.
– Д.А.(33) управувајќи патничко возило „Застава“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на автобусот на ЈСП бр.24, управуван од М.И. (52), при што излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и физички го нападнал М.И. со дрвена безбол палка во пределот на главата – наведуваат од МВР.
Од страна на полициски службеници Д.А. бил лишен од слобода и приведен во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.