| четврток, 6 декември 2018 |

Разводот е мала смрт: Емина откри колку страдала во бракот со Мустафа!

Веќе е познат фактот дека Емина Јаховиќ се разведува од Мустафа Сандал, но сега раскажа низ какви маки минува. Таа сега тврди дека причините за развод биле осаменоста во секоја смисла.

-Ми недостигаше семејството, пријателите. Посебно во моментите кога односот со Мустафа се гасеше. Разводот е мала смрт, а оној кој вели дека лесно поминува низ развод, не ја кажува вистината – вели Емина.

Таа наведува дека се решила за завршување на бракот поради недостаток на емоции и вели дека во еден момент исчезнало „она нешто“.

Истакнува дека одлуката била нејзина, бидејќи како што вели зад неа се две години тивко страдање.

Одлуката ја донела минатото лето кога го посетила својот роден Нови Пазар.

Емина рекла дека овој момент не постои опцијата  за смирување , но дека никогаш не ја изговара реченицата „никогаш веќе“.

За својот сопруг вели дека е прекрасен човек и дека со него ќе останат добри пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top