| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ изгради автопат, СДСМ не може ни да го означи

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Граѓаните кои решиле викендот да го поминат во Грција, не возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица, кој пред неколку дена беше пуштен во употреба, туку возат по стриот пат.

Дел од возачите велат дека решиле да возат по стариот пат, бидејќи немало поставено знак за приклучување, па не знаеле каде точно да се приклучат.

Граѓаните по социјалните мрежи пишуваат за искуствата од возењето по новиот автопат.

– Ако одите за Гевгелија, ве молам, кај Демир Капија исклучете го мозокот. Возете обратно од секоја логика. Тргнете накај Демир Капија, а не кон Атина и Гевгелија. Тој што ги ставал таблите бил начукан и брзал чочек да игра – пишува познатиот скопски адвокат Александар Тортевски на твитер.

Од АМСМ, велат дека автопатот е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Користењето на автопатот, во следните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top