| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Другата страна треба да се согласи на ерга омнес

Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, вели шефот на грчката дипломатија од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

– Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, изјави министерот за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top