| четврток, 6 декември 2018 |

Брижит жестока кон Меланија: Забавна е ѝ интелигентна, но не може ни прозорец да отвори

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, ја пофалила првата дама на САД, Меланија Трамп, по својата тридневна посета на Вашингтон, велејќи дека е забавна и интелигентна.

Брижит Макрон истакнала дека “љубезната, шармантна и интелигентна” Меланија Трамп дополнително се збижила оваа седмица. Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија прв пат се состанале со претседателот на Франција, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во јули во Париз.

Според зборовите на Брижит Макрон, Меланија Трамп е многу поразлична приватно. 48-годишната Меланија, некогашен модел од Словенија, јавно не покажува емоции, додава агенцијата “AFP”.

“Напротив, таа е многу забавна. Имаме слична смисла за хумор, заедно многу се смееме. Таа има јак карактер, но вложува напори тоа да го прикрие. Таа е личност која лесно се смее, но тоа го покажува помалку од мене”, рекла Брижит Макрон за првата дама на САД.

Сопругата на Маркон рекла дека и натаму се привикнува на ограничувањата кои ги има откако е прва дама на Франција, но додала дека и натаму успева да пронајде “моменти на слобода”.

“Меланија не може да направи ништо, не може ни да отвори прозор на Белата куќа. Не може да излезе надвор. Јас секојдневно излегувам во Париз”, рекла Брижит.

Таа додала дека, “иако е свесна за своите одговорности”, дека не се чувствува како сопруга на претседател.

“Во мојата глава, јас сум сопруга на Емануел Макрон, не сопруга на претседател. Не се чувствувам како прва дама иако сум свесна за своите одговорности”, изјавила Брижит Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top