| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец застрелал разбојник во потколеница

policija

Ноќеска во 00:45 часот, граѓани пријавиле дека непознати разбојници ја пустошат продавницата „Пикс плус“, лоцирана на улицата Народен фронт во Капиштец.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и ги фатиле разбојниците на дело. Според информациите од МВР, едниот од разбојниците излегол од продавницата и со метална прачка се обидел да нападне еден од полицајците. Овој, пак, за да се одбрани од нападот, испукал еден куршум од службениот пиштол и го погодил разбојникот во десната потколеница.

Истрагата покажала дека се работи за Н.М.(26) од Скопје, кој е пренесен во Ургентен цнтар за укажување лекарска помош. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top