| четврток, 6 декември 2018 |

Необјавени детали: Наташа проговори за односот на Лука кон ќерката!

Пејачката Наташа Беквалац откако претрпе насилство од сопругот Лука Лазукиќ, на суд открила дека Лазукиќ го игнорирал нивното дете и дека поради тоа и било многу тешко.

Имено Наташа во исказот пред судијата навела дека минувало и по неколку дена, а Лука да не влезе во соба да ја види ќерката.

-Никогаш не сум видела такво отсуство на емоции кон дете. Се радував кога ќе влезеше во соба кај бебето, бидејќи тоа ретко го правеше. Минуваше и по неколку дена, а тој да не го погледнеше бебето. Ми беше жал дури и за Лука, бидејќи беше очигледно дека љубовта кон детето не го исполнува. Ми се чини дека и бебето чувствуваше дека е незаинтересиран -раскажала Наташа на судијата.

Како што навела, дадилката и прераскажала неверојатна ситуација која ја шокирала.

-Во една прилика го земе детето старо само три дена за раце и го крена во воздух, а пред тоа го стави во седечка положба-раскажала пејачката кој пред неколку дена од сопругот доживеала ужасно насилство.

Таа на судијата раскажала дека сопругот не бил среќен откако добиле дете.

-Кога го прашав дали е среќен, рече дека откако Катја се роди, тој не постои во нашата куќа и дека е во депресија- рекла Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top