| четврток, 6 декември 2018 |

Џајковски ќе ја тресе Европа

Нajуспешниот македонски диџеј и продуцент, Кирил Џајковски, летово ќе настапи на неколку големи европски фестивали.

Неговата летна турнеја, во следните неколку дена, Џајковски ќе ја почне со гостувањето во Чешка, каде што на 4 јули ќе настапи на еден од најдобрите европски фестивали „Рок фор пипл“ .

Веќе на 11 јули, сцената „Фјужн“ на регионално водечкиот „Егзит“, фестивал во Нови Сад, по третпат ќе го дочека Кирил како главна ѕвезда точно на полноќ.

Наредната точка на Џајковски е Словачка, поточно најголемиот фестивал во тој регион –„Похода“, каде што сцената ќе ја дели со новата европска ѕвезда Бонобо и преку 50 музичари од светот.

По овие настапи низ Европа и регионот, Македонија, исто така, ќе има можност да ужива во концертниот настап на Џајковски, кој се враќа дома пред крајот на јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top