Балетската претстава „Женската вечер на Хандке (Handkеs Weiberаbend), од германскиот град Дрезден, кој е збратимен со Скопје, вечерва ќе се одигра во рамките на „Скопско лето“. Кореограф е Јоана Роган, а ќе настапат танчарите: Ребека Е. Боме, Јоана Роган и Синди Хамер.
Јоана Роган е посветен танчар и кореограф. Родена е во Дрезден, Германија во 1984 година. Во своите средношколски денови ја развива љубовта кон изведувачките иструменти. Во училиштата „Imma Birgit Buhl“ во Нирнберг, Германија и „Anton Bruckner Privatuniversitat“ во Линц, Австрија го стекна своето образование за модерен и современ танц.
Подоцна завршува обука за наставник во Линц и во Берлин. Фасцинирана од разновидноста на новите медиуми во областа на изведувачките уметности во 2008 година почнува со работа во ТМА ( Транс-Медиа-Академија). Поттикот кон новите движења ќе ја донесат до Тел Авив, Израел. По пристигнувањето во Тел Авив, Јоана Роган танцува со танцувачката група „Дана Руттенберг“.
Во 2009 година дава часови по танц на деца и тинејџери од Палестина и од Израел во соработка со непрофитната орбанизација „Виндоус“.
Во почетокот на март 2010 година Јоана Роган се враќа во Германија, каде што почнува да работи со ТМА. Заедно ги истражуваат и ги подобруваат можностите од интеракцијата. Се вклучува во активна размена со софтерскиот инжињер Фридер Ваис, кој ги создава
софтерите Eye Con и Kalypso. Двете програми овозможуваат систем за следење звук и графика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.