Балкан Брас Квинтет гостува со свој концерт во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на 27 Април (петок) од 18:30 часот. На концертот во Софија, квинтетот во составСтојанче Косовски –труба, Гоце Цоневски – труба, Александар Гошев – Хорна, Јавор Костов – тромбон и Бајо Стаев – туба ќе изведе композиции од Владимир Џамбазов, Томислав Зографски, George Frideric Handel, Jeremiah Clarke, Isaac Albéniz, Georg Gershwin, Leonard Bernstein, Georges Bize, Enio Morricone, Sonny Kompanek, Manuel Penella
Дувачкиот квинтет е плод на соработка на музичарите од Република Македонија и Бугарија и по нивни заеднички настапи во различни состави и ансамбли во двете земји се стигнува до создавање на брас квинтет во 2017 година. БАЛКАН БРАС КВИНТЕТ изведува композиции соодветни за нивниот состав, со што композициите од различни епохи и популарни жанрови се афирмираат, а исто така се презентираат и композициите напишани од балканските композитори на нивните концерти во Македонија, Бугарија и Србија. Со својот ансамбл тие допринесуваат за градењето на односите на соработка со сите држави од балканското соседство и за проширување на знаењата за творештвата на истакнати балкански композитори и културни вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.