| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва ќе се јадат вкусни пити во Кисела Вода

Вечерва во паркот „Шопен“ во Кисела Вода ќе се реализира втората „Хуманитарна Коријада 2013“, која поради временските неприлики беше одложена

pita
Во периодот од 18 до 20 часот, Активот на жени – пензионери од Кисела Вода, во соработка со Општина Кисела Вода и волонтерите од Дневниот центар на Црвен крст, ќе ја организира втората традиционална „Хуманитарна коријада“, на која присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од вкусните пити, подготвени од вештите раце на пензионерките од Кисела Вода.

Собраните средства ќе бидат наменети за Дневниот центар на Црвен крст и за социјално загрозени стари лица од општина Кисела Вода.

Манифестацијата е под покровителство на Општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top