Раководителот Илија Србиновски истакна дека жетвата се одвива на повисоките делови на Пелагонија, односно во атарот на селата Бач и Гермијан, кои се наоѓаат во непосредна близина на македонско-грчката граница.
– Годинава ќе бидат ожнеани околу 17.000 хектари засеани со пченица, а во тек е и жетвата на јачменот, кој годинава беше засеан на површина од 5.000 хектари. Првичните информации од терен не се добри, приносот не задоволува бидејќи првото класје не го даде очекуваниот род. За жал, временските услови си го направија своето – истакна Србиновски.
Од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола информираат дека во Пелагонија заврши жетвата на маслодајната репка која беше засеана на површина од 1.500 хектари. Агроекспертите потврдуваат дека годинава има послаб род и кај маслодајната репка, и истиот се движи од 1.000 до 1.200 килограми по хектар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
ИФФК „Браќа Манаки: Оскаровецот Роџер Дикинс се запозна со тимот на фестивалот (галерија)
-
МВР oфицијално: Приведен Е.Т. од Битола осомничен за убиството