Пејачката Емина Јаховиќ во февруари соопшти дека се разведува од Мустафа Сандал, после што избегнуваше јавно да зборува за приватниот живот.
Емина реши дека сега е време да ја отвори душата за јавност, и откри дека со Мустафа останала во пријателски односи.
-Не се сруши семејството, иако веќе не сме заедно. Ќе бидеме добри пријатели, бидејќи тој пред се е добар човек. Една пријателка ми рече: Бирај човек не за кого ќе се омажиш, туку оној од кој ќе се разведеш-рекла Емина во емисијата Ексклузивно, алудирајќи на тоа дека одбрала човек со кој по разводот може да остане во добри односи.
Пејачката ги искоментирала и наводите дека имала афера со Марко Мишковиќ, со кој, како што се пишуваше, го обновила контактот после разводот од Мустафа.
-Небулоза и глупост за човек кој не сум го видела 10 години. Бев многу вознемирена поради таа приказна. Немам ништо да кажам на таа тема. Се изнервирав. Не е убаво да се прави таков имиџ ниту на мене, ниту на него, бидејќи има свој брак-рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емина и Мустафа заедно: Ја здогледал во толпата и ја прегрнал, а нејзината реакција ги изненади сите!
-
Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!
-
Нивната љубов добива ново ниво: Се појавија нови фотографии на Емина и турскиот милијардер
-
Први папарацо фотографии: Емина Јаховиќ фатена со турскиот милијардер!(видео)