На вториот по ред „Фреш ајленд фестивал“, кој ќе се одржува на познатата хрватска плажа Зрче од 10 до 13 јули 2013 година, покрај веќе најавените настапи на легендите Snoop Dogg a.k.a. Snoop Lion, Iggy Azalea, KRS One, A$AP Rocky, Dj Tony Touch, Dj Statik Selektah и многу други, сцената на островот Паг, ќе ја освежи и нашиот DJ Shorty P со свој сет на 11 јули, во отворениот клуб „Папаја“.
Легендарната група Madcon, која ги освои светските топ- листи со хитот „Beggin“, исто така, ќе биде дел од овој голем настан, снимајќи го својот нов видеозапис на самиот фестивал, а Панчо ќе настапи заедно со нив на главната фестивалска сцена Њујоркер во „Папаја“.
Dj Shorty P ја почнува својата кариера како DJ во 2004 година. Свои настапи како резидент DJ бележи речиси во сите поголеми клубови во Скопје и низ градовите во Македонија.
Значајни настапи надвор од државата кои се интересни да се споменат се: настапот во Шафхаусен/Швајцарија, настапите во Загреб, Задар, Белград, Тирана, Пеза, Драч, Приштина и Урошевац.
Shorty P е основач на промотерската агенција SureShotz Entertainment, која е организатор на позначајните хип-хоп концерти кај нас: Jeru Tha Damaja, Kurtis Blow, Keith Murray, Kurtis Blow Junior aka Kurtis Cloud, Afu Ra, Guru of Gang Starr ( R.I.P. ), Nina Sky, J-Ro From Alkaholiks, AKIL The MC From Jurassic 5, Edo Maajka и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.