| четврток, 6 декември 2018 |

На Пантелејмон се прослави влезот на Хрватска во ЕУ

09Во присуство на странски дипломати од земјата, домашни политичари, бизнисмени и пријатели на хрватската амбасада и хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ, Хрватите во Македонија го прославија влезот на нивната земја во ЕУ. Синоќа во ресторанот „Пантелејмон“ во Горно Нерези со интонација на хрватската, но и на македонската химна почна прославата организирана од страна на хрватската амбасада.

Меѓу присутните беа претседателот на Собрание, Трајко Вењановски, генералот Горанчо Котески, командантот на специјалците, Павле Арсоски, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Бобо Јанковски, министерот за одбрана Талат Џафери, градоначалникот на Скопје, Коце Трајанов, на Центар, Андреј Жерновски, на Куманово, Зоран Дамјановски, на Чаир, Иџет Мемети, потоа Есад Рахиќ, Љубчо Ѓоргиевски со сопругата, Венко Андоновски, Срѓан Керим, Антонио Милошоски, Стојанче Ангелов од Достоинство…

Фотографиите можете да ги погледнете во фотогалерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top