Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај хотелот „Континентал“ во Скопје. Повредените итно се пренесени во Ургентниот центар. Несреќата се случила околу 8.15 часот на булеварот „Александар Македонски“ меѓу три возила. Во верижниот судир учествувале два автомобили, „мерцедес“ и „фиат пунто“, и еден камион.
Причините за несреќата засега не се познати, а во тек е полициски увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


