| четврток, 6 декември 2018 |

Нова љубов и проширување на семејството: На Наташа Беквалац ќе и се случи и четврти брак!

Наташа Беквалац ќе има и четврт брак. Таа и после скандалот со третиот сопруг Лука Лазукиќ нема да изгуби верба во оваа институција, па повторно ќе се омажи. Ова го тврди Ружица Краљ Матиќ, астронумеролог, која на пејачката и направила натална карта. Таа открива дека пејачката на суд ќе го добие сопругот со Лука и ќе докаже дека над неа е извршено семејно насилство, за кое го обвинува и поради што се разведува од него после само седум месеци брак.

-Кога сите зборуваа дека бракот на Наташа и Лука вечно ќе трае, јас единствена тврдев дека од тоа нема ништо. Зборував дека таа мора да добие уште едно дете, бидејќи тоа е кармичка врска која може да трае само на одредено време, во период од една до три години. Тоа е само отплаќање на некои нивни долгови бидејќи двајцата се силни личности –  вели на почетокот Ружица и продолжува:

-Тие двајца воопшто не смееја да се венчаат, бидејќи од моментот кога го направија тоа, нивниот однос почна да се распаѓа. Нејзиниот хороскоп покажува дека кога и да потпише документ за брак, си создава себеси проблем. Меѓу неа и Лука ќе има се и сешто, ова е само почеток. Меѓутоа Ната ќе излезе како победник, бидејќи ѕвездите и се наклонети- додава Ружица, според која вистинската среќа Наташа ја чека дури по пет години.

-Ова не е крај. Кај Наташа може да се случат уште неколку бракови, но таа среќата ќе ја најде меѓу 42 и 45 година и ќе роди машко дете. Тој брак може да трае толку колку што таа ќе сака. Идниот партнер ќе биде многу заљубен во неа и тој однос може да трае осум години, но ако се омажи во црква, а не во општина, може да биде за цел живот – вели астронумерологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top