| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка шверцувала 70 литри ракија во Турција

rakija

Македонка била фатена со камуфлирани 70 литри ракија на пат за Истанбул од страна на нашите цариници на граничниот премин „Богородица“.

Царината јави дека 70 литри домашна ракија биле откриени на граничниот премин „Богородица“, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, што сообраќал на релација Гостивар – Истанбул, пријавен за излез од државата. При контрола на багажниот простор, во две патни торби и една црна кеса, сопственост на патничка во автобусот, македонска државјанка, се пронајдени вкупно 12 шишиња од вода „кожувчанка“ од 1,5 литар, 20 шишиња од вода „пелистерка“ од 2,5 литри и 1 шише од „кока-кола“ од 2 литри, наполнети со домашна ракија. Шишињата од вода биле замотани со најлонска фолија како да се работи за неотпакувани пакети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top