| четврток, 6 декември 2018 |

Нова суперрусокоса за новиот Супермен

Ѕвездата на хит-серијата „Бубалици“ (The Big Bang Theory), русокосата Кејли Куоко, е во врска со новиот Супермен на големиот екран, Хенри Кавил. Таа неодамна на „Твитер“ објави фотографија на која седи пред постерот на Хенри и под неа напиша: „Сите мора да го гледате „Човекот од челик“. Тој е фантастичен во секоја смисла на зборот!“.

300-KaleyCuoco-Twitter-jpg_212127

Британскиот 30-годишен актер, кој постојано ги полни медиумите со своето развиено и мускулесто тело, неодамна ја раскина кратката врска со ѕвездата на „Брзи и фуриозни 6“, Џина Карано.

Дваесет и седумгодишната Кејли, пак, две години беше во тајна врска со колегата Џони Галетски, со кого е во љубовна врска и во серијата „Бубалици“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top