| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Спејко во врска со кумашинката на Заев: Не е точно дека Љупка се разведе заради мене (Фото)

Победникот во реалното шоу “Големиот брат”, Дарко Спејко и струмичанката Љупка Митрова се во љубовна врска. Интересно е тоа што сведок на првата венчавка на Љупка и бил токму премиерот Зоран Заев.

Парот е веќе еден месец во врска, а самиот Дарко вели дека неговата тазе избраничка е прекрасна жена која поседува многу квалитети.

– Со Љупка заедно сме околу еден месец, се дружиме, излегуваме. Не е точно тоа дека јас сум ја развел, кога ја запознав таа веќе беше слободна жена, изјавил кумановецот.

Инаку, она што ги споило е љубовта кон модата, со оглед на тоа што и двајцата водат модни блогови, а Љупка е популарна и меѓу македонските корисници на Инстаграм каде има околу сто илјади следбеници. Таа е мајка на две ќерки со кои обожава да се фотографира, а не се срами ниту да се разголи пред објективот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top