Лука Радуловиќ (37) кој е убиен ноќта меѓу вторникот и средата во клубот „Испод моста“, денеска е погребан на белградските гробишта Орловача.
Него на последното почивалиште го испратија повеќе од илјада пријатели, членови на семејство, како и колегите спортисти со кои соработуваше.
Да потсетиме, убиениот Лука Радуловиќ на јавноста и стана познат по тоа што со бентли во септември минатата година ја пресече претседателската колона возила на Топчидер. Уапсен е месец дена подоцна во една коцкарница во Белград под сомнение дека тргувал со наркотици.
Радуловиќ во моментот на убиството бил на слобода, откако во март се договорил за признавање на вината за дрогата со Специјалното обвинителство. Имено, Радуловиќ пред месец дена се договорил со обвинителството за организиран криминал за казна од три години затвор ако ја признае винаат за дилање дрога.
Нему потоа му е укинат притворот, па е пуштен на слобода да го чека извршувањето на затворската казна. Според спогодбата, која со пресуда ја потврдил и Специјалниот суд, Радуловиќ призна дека на 25 октомри препродал 116 грама кокаин, по што е уапсен, додека во неговиот стан се пронајдени уште 0,25 грама кокаин.
Спогодбата со Радуловиќ е потврдена на 9. март кога му е укинат притворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.