| четврток, 6 декември 2018 |

Кривично пријавен уште еден скопски наркодилер

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Ф.Н.(30) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, кој е уличен дилер на хероин и марихуана, во текот на овој месец од две лица од РМ, неовластено набавил поголема количина на хероин и марихуана,  превзеде опсежни оперативно мерки за потврдување на сознанието и собирање на материјални докази.

Откако од страна на полициските службеници од Единицата, се потврдени сознанијата дека така набавената дрога, Ф.Н. ја однел дома,  каде  во зависност од побарувачката ја препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истата ја препродавал на уживатели од Скопје, со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом во скопски Чаир. При започнување на претресот во домот на Ф.Н., каде тој живее со неговата сопруга, двајцата се обиделе да се ослободат од дрогата, на тој начин што ја фрлиле во дворот на соседите, но биле видени од полициски службеници кои од дворот на соседите подигнале една тегла со непозната прашкаста материја, една тегла со непозната расителна материја и повеќе помали полиетиленски паковки со непозната прашкаста и тревкаста материја.  Истотака, во кровната конструкција на куќата е пронајдена хартиена паковка со растителна материја и една дробилка за марихуана, а во домот на негов роднина, кој живее во непосредна близина е пронајдена една дигитална вага, на која имало остатоци од хероин и марихуана.

Ф.Н. е приведен во службените простории на Единицата, каде не дал појаснување за пронајдената дрога и дигитална  вага, како и  за  тоа, од кого и од каде е пронајдената дрога. По извршеното вештачење на подигнатиот материјал од претресот, е утврдено дека пронајдената прашкаста матрија претставува 88,82 грама наркотична дрога-хероин, спакувана во 32 помали поилиетиленски паковки, додека  растителната материја – 23,81 грама марихуана како и  една полиетиленска паковка со вкупна маса од 5, 80 грама мешавина од парацетамол и кофеин.

Инаку, Ф.Н. покрај тоа што е кривично пријавуван за недозволена трговија со хероин, против него се поднесени и две кривични пријави за извршени две разбојништва и една кривична пријава  за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top