Откако Наташа Беквалац го пријави Лука Лазукиќ за физичко насилство, во јавноста испливаа информации дека судирот започнал поради тоа што пејачката во телофонот на Лука пронашла допишувања кои ја вознемириле, што го потврди и Лука Лазукиќ.
Веднаш потоа во медиумите се појави информација дека девојката поради која настанал судирот е Уна Крлиќ, за која медиумите тврдеа дека е поранешна девојка на Лука.
Сега се огласи и оваа девојка:
-Здраво луѓе. Сакам да ви се обратам по повод цирскусот кој настана. Повод е насловната страна на еден дневен весник, која некој ми ја намести. Сакам да кажам и да демантирам било какво поврзување со Лука Лазукиќ. Јас апсолутно тој човек не го познавам и никогаш со него не сум се допишувала.Кој и да сакал да ме вплетка во тоа, ќе одговара на суд. На мене ми е нанесена неверејатна неправда. Првпат на своја кожа чувствувам таква невистина и многу ме боли некој да ме поврзува со двајца луѓе кои и не ги познавам, посебно не во ваков контекст. Со тоа сакам да ви кажам дека јас ова не сум, дека јас ова никогаш не би го направила и тоа е тоа од мене – напишала Уна на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На Наташа ѝ се заканувал другар на Лука, судирот го спречила полицијата: За малку избегната драма пред Центарот за социјална работа!
-
Гиро, ѕаѕики и пет светилки: Ѕирнете во бизарниот список поради кој Лука од Наташа бара 160.000 евра
-
Лука бесрамно ја уценува Наташа: Ѝ бара половина од целиот имот и старателство над Катја
-
Лука сковал план како да ја уништи Наташа, а овие детали ќе ве шокираат!